Економија Од полноќ горивата поскапи за околу 9 денари по литар, дизелот ќе...

Од полноќ горивата поскапи за околу 9 денари по литар, дизелот ќе чини 95 денари, 98-октанскиот бензин 106,5 денари

Фото: Мета.мк

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) поради прекинот на владините мерки за намалување на акцизата и на ДДВ за горивата, кој е на полноќ, ги одреди новите највисоки цени на горивата, коишто ќе бидат на сила исто така од полноќ.

Според денешната одлука, зголемувањето на цените за литар гориво изнесува од 8,5 денари до 9,5 денари – во случајот на ЕУРОСУПЕР БС-98.

ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за 9 денари, исто колку и дизелот. Екстра-лесното масло за домаќинство поскапува за 8,5 денари.

Мазутот нема да поскапи и неговата цена и понатаму изнесува 54,64 денари за килограм.

Новите цени што важат од полноќ:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 104 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 = 106,5 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) = 95 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) = 93 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС = 54,64 (денари/килограм)