Македонија Од ноќеска поевтинуваат дизелот, мазутот и маслото за горење

Од ноќеска поевтинуваат дизелот, мазутот и маслото за горење

фото: Мета.мк

Ноќеска на полноќ, цените на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат за еден, односно за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од вечерва ќе изнесува 80,5 денари за литар, оддека литар Екстра-лесно масло ќе чини 79,5 денари.

За 1,372 денари за килограм се намалува и цената на мазутот, кој од полноќ ќе чини 39,283 денари за килограм.

Од РКЕВУ соопштија дека цените на бензините не се менуваат, па така, ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 79 денари за литар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 останува 81 денар за литар.