Македонија Од направените 4.060 тестирања, откриени 51 нов случај на ковид-19

Од направените 4.060 тестирања, откриени 51 нов случај на ковид-19

Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.060 тестирања, а регистрирани се 51 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 28, Тетово – 5, Битола и Виница – по 3, Прилеп, Кочани и Кичево – по 2, Куманово, Велес, Гостивар, Кавадарци, Неготино и Македонска Каменица – по 1.

Во истиот период регистрирани се 84 оздравени пациенти, како и 16 што починале:: 7 лица од Скопје (60г,67г,70г,73г,77г,84г и 84г), по 2 лица од Куманово (54г и 72г) и Прилеп (73г и 86г) и по едно лице од Битола (75г), Гостивар (49г), Тетово (64г), Македонска Каменица (71г) и Неготино (79г).
Од пријавените, 5 лица се починати во домашни, а останатите 11 во болнички услови.

Петтемина починати во домашни услови, умреле во текот на минатиот и овој месец.

Од почетокот на епидемијата во земјава се направени вкупно 773.531 тестирања на ковид-19, а вкупната бројка на дијагностицирани случаи изнесува 155.028, бројката на оздравени пациенти е 146.800, на починати е 5.296, а бројот на активни случаи изнесува 2.932.