Хроника Од куќа во Скопје украден сеф со златен накит и со 200...

Од куќа во Скопје украден сеф со златен накит и со 200 куршуми

Синоќа, околу 19.30 часот, непознат сторител извршил кражба во куќа, сопственост на 73-годишен скопјанец, на улицата Женевска во Скопје.

Како што информираат од полицијата, крадецот од спалната соба во куќата одзел сеф во кој имало златен накит и околу 200 куршуми.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за откривање на сторителот и за расчистување на случајот.