Македонија Од ковид-19 починаa 22 лица, денеска 718 нови случаи од кои 95...

Од ковид-19 починаa 22 лица, денеска 718 нови случаи од кои 95 се реинфекции

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 тестови, а регистрирани се 718 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу се во Скопје – 505, Битола – 30 и Куманово – 29. Од вкупниот број на позитивни случаи, регистрирани се 95 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68г, 83г и 84г), 2 починати од Охрид (80г и 84г) и по едно починато лице од Битола (90г), Делчево (80г), Демир Капија (87г), Кавадарци (70г), Кратово (58г), Крива Паланка (73г), Неготино (79г), Прилеп (69г) и Радовиш (63г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се осум починати лица, од Скопје (3) и по едно починато лице од Гостивар, Дебар, Кавадарци, Кичево и Тетово на возраст од 54г до 80г. Пријавените се починати во период од 12.01.2022 до 22.01.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=22), девет лица се целосно вакцинирани, а кај 18 се регистрирани коморбидитети.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 1.244 оздравени пациенти од ковид-19 во земјава.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 256.996, бројот на оздравени пациенти е 228.736, на починати е 8.240, а бројот на активни случаи изнесува 20.020.