Хроника Од автомобил во движење пукано во куќа на арачиновец

Од автомобил во движење пукано во куќа на арачиновец

Ноќеска, околу 2 часот по полноќ, неколкумина напаѓачи од автомобил во движење истрелале повеќе куршуми од автоматско оружје во куќата на А.И. од скопското село Арачиново, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, од истрелите биле оштетени повеќе прозорски стакла и фасадата на куќата.

Полициски екипи извршиле увид на местото, од кое подигнале околу 40 чаури, кои се дадени за вештачење.

Полицијата засега нема осомничени за нападот и презема мерки за расчистување на случајот.