Македонија Од 68 нови случаи на ковид-19, 20 се реинфекции

Од 68 нови случаи на ковид-19, 20 се реинфекции

Фото: Annie Spratt on Unsplash

Од направени 659 тестови за ковид-19 во последното деноноќие, 68 се позитивни, информира Министерството за здравство. Оттаму велат дека од вкупниот број позитивни лица, регистрирани се 20 реинфекции. Исто така евидентирани се и 40 оздравени пациенти.

„Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Скопје (83г), починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Битола (81г) и Прилеп (71г), починати во болнички услови“, стои во соопштението од министерството.

Досега во земјава се направени вкупно 2.181.930 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.031, бројот на оздравени пациенти е 334.202, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 265.