Македонија Од 247 здравствени работници во земјава што заболеа од Ковид-19, досега се...

Од 247 здравствени работници во земјава што заболеа од Ковид-19, досега се излечени 226

Од 247 здравствени работници во земјава што заболеа од Ковид-19, досега се излечени 226, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче. Според податоците на Институтот за јавно здравје, 91 отсто од заболените здравствени работници веќе се оздравени.

– Им оддавам чест за храброста и посветеноста. На сите останати им посакувам брзо закрепнување – порача утрово на „Фејсбук“ министерот за здравство, Венко Филипче.

Здравствените работници се едни од најризичните категории на граѓани кои можат да заболат од Ковид-19, поаѓајќи од фактот дека се во постојан контакт со пациенти. Според податоците на Министерството за здравство, од корона вирус досега се заразиле 247 здравствени работници, односно 14 отсто од вкупниот број на дијагностицирани случаи во земјава.

Покрај значителниот број во Скопје и Куманово, случаи на заболени здравствени работници во изминатиов период имаше во болниците и другите установи од здравството во Велес, Штип, Дебар, Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид, Демир Хисар, Гостивар и Тетово.