Македонија Обвинителство: Разбиена досега најголема организирана група за криумчарење мигранти

Обвинителство: Разбиена досега најголема организирана група за криумчарење мигранти

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција извести дека во текот на вчерашниот ден била спроведена координирана акција со МВР против организирана група за криумчарење мигранти, на подрачјето на повеќе населени места.

Притоа, по поднесената кривична пријава од МВР за 23 лица, од кои еден малолетник, а четворица државјани на Албанија, Обвинителството за 22 лица донело наредба за спроведување истражна постапка и до судијата за претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 поднело барања за притвор. За малолетникот е поднесено барање за поведување подготвителна постапка и исто така е побаран притвор.

Тие 12 лица што се вчера приведени добиле 30-дневен притвор, а едно лице куќен притвор. Другите 10 лица се во бегство.