Свет Обвинетите за убиството на полубратот на Ким ја негираа вината

Обвинетите за убиството на полубратот на Ким ја негираа вината

Двете жени обвинети за убиството на полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун во Малезија, ја негираа вината на судењето во Куала Лумпур.

Индонезијката Сити Аисјах (25) и Виетнамката Ти Хуонг (28) се појавија во судницата со лисици и во панцирно одело. Околу 200 полицајци се задолжени за безбедноста на почетокот на судењето.

Жените се обвинето дека в лице му фрлиле на Ким Јон-нам гас „в-иск“, смртоносна верзија на сарин. Тие се соочуваат со доживотна затворска казна.

Видеоснимката од аеродромот покажува како двете жени ѝ приоѓаат на жртвата, а едната од нив му фрла нешто в лице. Четириесет и петгодишниот Ким Јонг-нам почина на пат кон болницата.

Адвокатите на обвинетите тврдеа дека тие биле измамени и дека верувале оти учествуваат во скриена камера.
Ким Јонг-нам беше критичар на политиката на својот полубрат и живееше во егзил.

Поради случајот, заострени се односите меѓу Малезија и Северна Кореја.