Македонија Обвинетите за двојното убиство во „Император“ не се чувствуваат виновни

Обвинетите за двојното убиство во „Император“ не се чувствуваат виновни

Под силни мерки на обезбедување, со изнесување на обвинителниот акт и со сослушување на сведоците, во Основниот суд во Охрид денеска почна судскиот процес против двајцата обвинети за убиството на сопственикот на угостителскиот објект „Император“, Васил Ристески, и на охриѓанецот Ромео Ѓузелоски.

На почетокот од првото судско рочиште, обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Пред Судскиот совет денеска искази дадоа мајката и таткото на Ѓузеловски, како и потесното семејство на сопственикот на „Император“.

Убиството се случи во август минатата година, на улицата 15. Корпус, во угостителскиот објект „Император“. Од истрелите смртно настрадаа 56-годишниот Ристески и 38-годишниот Ѓузелоски.

Триесет и едногодишниот Б.П. од Охрид, кој беше осомничен за двојното убиство, веднаш по трагедијата се даде во бегство и по него беше распишана меѓународна потерница. По шест месеци тој беше пронајден од полицијата во Албанија и беше екстрадиран во Македонија.