Македонија Обука „Борба против говор на омраза на интернет“ денеска во Струга

Обука „Борба против говор на омраза на интернет“ денеска во Струга

Фондацијата „Метаморфозис“ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска во хотелот „Дрим“ во Струга, организираат еднодневен семинар и обуки за справување со говорот на омраза во медиумската сфера.

Обуката е првенствено наменета за уредници, новинари и за администратори на веб-портали.

Целта е да се придонесе за зајакнување на капацитетите на интернет-медиумите во Македонија за препознавање и за спротивставување на говорот на омраза и на говорот што поттикнува насилство и криминал од омраза и слично, за што предавачи ќе бидат Мирјана Најчевска и Жарко Трајаноски.

На семинарот ќе биде извршена и практична промоција на професионалните новинарски стандарди во синергија со „Сервис за проверка на факти од медиумите“, кој ќе го претстави Владимир Петревски.

Фондацијата „Метаморфозис“ и Мисијата на ОБСЕ слична обука ќе организираат и на 19 октомври во хотелот „Сириус“ во Струмица.