Македонија ОБСЕ: Најважен и итен приоритет е да се избегне ескалација

ОБСЕ: Најважен и итен приоритет е да се избегне ескалација

Мисијата на ОБСЕ во Скопје одблиску ја набљудува безбедносната ситуација во Куманово и бара од сите засегнати да останат смирени.

– Веруваме дека безбедноста на локалното население е од суштинско значење. Во постојан контакт сме со сите релевантни власти и бараме сите граѓани и политички партии да останат смирени. Најважен и итен приоритет е да се избегне ескалација, која може да води кон понатамошно насилство – рече амбасадорката Мариане Берец, заменик-шеф на Мисијата во Скопје.