Македонија Облачно време со врнежи од дожд, на планините снег

Облачно време со врнежи од дожд, на планините снег

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег. Пообилни врнежи ќе има попладне во западните и северните делови од државата.

Максималната температура ќе биде во интервал од осум до 12 Целзиусови степени.

Во вторник ќе биде претежно суво со умерен до засилен западен ветер. Во среда врнежи ќе има претежно во западните делови. Значително заладување од УХМР очекуваат од четврток, поради што врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег.