Македонија Облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, во котлините магла

Облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, во котлините магла

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со кратки сончеви периоди и слаб до умерен ветер со променлив правец, по одделни котлини во земјава ќе има појава на магла.

Во Скопје, утринската температура ќе се движи од два степени Целзиусови под нулата, а во текот на денот ќе се зголеми до пет Целзиусови степени.

Во наредните денови се очекува променливо облачно време со поверемни локални врнежи од дожд на пониските места и снег на повисоките места и планините. Во втората половина од неделата врнежите се очекува да бидат пообилни.