Македонија Облачно време со повремени врнежи од дожд

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд, кои поинтензивни ќе бидат во западните и во источните делови од земјава. Локално се очекува да наврнат повеќе од 25 литри на еден квадратен метар.

На планините ќе провејува слаб снег. Температурата ќе се движи од 5 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време со температура до 10 Целзиусови степени.

Најмногу дожд до осум часот утринава има наврнато во Крива Паланка, 66 литри на еден квадратен метар.