Македонија Облачно време со повремени врнежи од дожд, особено претпладне

Облачно време со повремени врнежи од дожд, особено претпладне

Времето ќе биде значително облачно со повремени врнежи од дожд, особено во претпладневните и пладневните часови.

Повеќе врнежи се очекуваат во северните делови од земјава, а во другите ќе има и сончеви периоди. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Минималната температура ќе се движи од 6 до 12 Целзиусови степени, а максималните од 14 до 24 степени.

Во Скопје се очекува слично време со тeмпературата до 19 Целзиусови степени.