Македонија Облачно време со магла по котлините и температура до 14 степени

Облачно време со магла по котлините и температура до 14 степени

Времето денеска ќе биде облачно, наутро по котлините со појава на магла, особено долж Повардарието. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините. Температурата ќе се движи од осум до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, температурата ќе достигне до осум Целзиусови степени.

Од среда попладне во западните и јужните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, но позначителна промена на времето, проследена со врнежи и северен ветер, се очекува од петок преку денот.