Македонија Облачно време, претпладне со локален дожд

Облачно време, претпладне со локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за локален дожд со послаб интензитет. Попладне облачноста ќе се намали и врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и од југозападен правец. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 6.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 24 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од западен и од југозападен правец.