Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и со силен ветер. Ќе има и услови за изолирана појава на град.
Утринската температура ќе се движи од 6 до 12 Целзиусови степени, а дневната од 14 до 19 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а попладне нестабилно, со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 9 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 16 степени.