Македонија Облачно време, попладне со дожд а на планините снег

Облачно време, попладне со дожд а на планините снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од изутрина прво во западните делови и потоа на југот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег со послаб интензитет.

Ќе дува слаб до умерен ветер кој во текот на денот ќе се менува од јужен во североисточен.

Утринската температура ќе се движи во интервалот од два до девет степени Целзиусови, а дневната максимална ќе достигне до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време. Утринска температура ќе изнесува три степени, а дневната ќе достигне до 10 Целзиусови степени.