Македонија Облачно и ветровито време со локален дожд

Облачно и ветровито време со локален дожд

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно и релативно топло со умерен јужен ветер. Во западните и крајните источни делови ќе има повремен локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од три до седум, а дневната од седум до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната темепратура до 18 Целзиусови степени.

Во сабота во текот на денот ќе дува засилен повремено силен јужен ветер што ќе предизвика значително повисоки дневни температури. Од сабота попладне и во недела ќе има врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни.

Врнежи со променлив интензитет ќе има и во наредните денови, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурите ќе бидат во опаѓање