Македонија Облачно и свежо време со температура до 18 степени

Облачно и свежо време со температура до 18 степени

Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо, на западот и на југот од земјава со повремен локален дожд, а во североисточните делови ќе има сончеви периоди. Утринската температура ќе се движи од седум до 15 Целзиусови степени, а дневната од 12 до 18 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до 11 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Утре ќе биде посончево и малку потопло преку денот, но со пониска утринска температура. Нов влажен бран се очекува од средината на наредната недела.