Македонија Облачно и студено време, на планините снег

Облачно и студено време, на планините снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено, со повремени врнежи од дожд, особено во северните делови. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места ќе се формира снежна покривка, особено во северозападните делови од земјава. Ќе дува засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 9 Целзиусови степени, а дневната од 7 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кој повремено ќе биде пообилен. Ќе дува и засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 7 до 11 Целзиусови степени.