Свет Балкан Обдукцијата покажува дека Ивановиќ бил убиен со шест куршуми

Обдукцијата покажува дека Ивановиќ бил убиен со шест куршуми

Обдукцискиот наод покажува дека косовскиот политичар Оливер Ивановиќ бил убиен со шест куршуми од пиштол марка М70А, познат како „долга деветка“.

-Постојат шест влезни рани и четири излезни. Два куршума се задржале во телото. Повредите се во пределот на горниот дел на градниот кош – изјави Милан Ивановиќ директорот на Клиничко-болничкиот центар во Косовска Митровица.

Од таму додаваат дека обдукцијата траела четири часа и дека куршумите му ги повредиле виталните органи.

По обдукцијата, телото на убиениот Ивановиќ било однесено во неговиот семеен дом, а во среда ќе биде транспортирано за Белград каде што ќе биде погребан.