Дописници „Њујорк тајмс“ го оцени Охрид како скапоцен камен во Македонија

„Њујорк тајмс“ го оцени Охрид како скапоцен камен во Македонија

Најновиот број на „Њујорк тајмс“, преку сторијата на новинарката Елизабет Зах, го споредува Охрид со скапоцен камен, наведувајќи ги најзначајните споменици на македонската историја и култура.

Зах ги посетила црквите „Св.Јован Канео“, „Св.Климент“, „Св.Пантелејмон“ на Плаошник, Самоиловата тврдина и други места.

Раскажува и за доживувањето при посетата на селото Куратица, каде ги искусила турите кои се нудат за туристите.

Во останатиот дел од информативниот текст, „Њујорк тајмс“ ги набројува и останатите туристички локалитети низ Македонија.