Свет Њујорк: Седум лица загинаа при судир меѓу воз и автомобил

Њујорк: Седум лица загинаа при судир меѓу воз и автомобил

Седум лица загинаа откако воз удри во автомобил на железнички премин во реонот Валхала, северно од Њујорк.
При несреќата загинале возачот на автомобилот и шест патници на возот, а 12 лица се повредени.

Како што јавуваат американските медиуми, при судирот се запалил автомобилот и предниот дел на возот, во кој имало 750 лица, од кои многумина не биле во можност да го напуштат возот поради што биле преместени во задните вагони.