Македонија Новозаболени 156 лица од ковид-19, речиси половина од активните случаи се од...

Новозаболени 156 лица од ковид-19, речиси половина од активните случаи се од Скопје

Фото: Vladimir Fedotov on Unsplash

Министерството за здравство денеска регистрира 156 новозаболени лица од ковид-19, со што бројот на активни случаи во моментов изнесува 7.859 лица. Речиси половина од нив, односно 3.691 лице, се од Скопје, додека висока бројка на активни случаи на ковид-19 има и во Битола (484), Куманово (406) и Прилеп (377).

Во изминатово деноноќие од ковид-19 починале 10 лица, и тоа: 4 починати лица од Скопје (76г, 78г, 79г и 82г) и по едно починато лице од Кавадарци (61г), Штип (38г), Прилеп (66г), Велес (47г), Свети Николе (82г) и Берово (35г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 326 оздравени пациенти од: Скопје – 135, Куманово – 30, Кавадарци – 23, Штип – 21, Битола и Крива Паланка – по 18, Прилеп – 17, Велес – 14, Кочани – 11, Тетово, Кратово и Неготино – по 6, Пробиштип – 5, Богданци и Виница – по 3, Кичево и Гостивар – по 2, Гевгелија, Свети Николе, Делчево, Радовиш, Крушево и Дојран – по 1.

Според податоците на Министерството за здравство, досега во земјава се направени вкупно 1.409.078 тестирања на ковид-19, а вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.233, бројот на оздравени пациенти е 191.132, а на починати се искачи на 7.242.