Економија Ново задолжување од 3,6 милиони евра кај домашните кредитори

Ново задолжување од 3,6 милиони евра кај домашните кредитори

Државата денеска ќе се задолжи 3,6 милиони евра кај домашните кредитори.

Вчера, дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, изјави дека без негова согласност Министерството за финансии донело одлука за нова аукција на домашниот пазар за хартии од вредност, која треба да се одржи денеска.

Од почетокот на годината се одржани четири аукции на домашниот пазар на хартии од вредност, со што државата се задолжила 78 милиони евра.