Економија Ново задолжување на државата од 12,6 милиони евра

Ново задолжување на државата од 12,6 милиони евра

Државата ќе се задолжи 12,6 милиони евра од домашните кредитори, преку аукција на државни хартии од вредност, со рок на доспевање од три месеци, една година и од петнаесет години.

Во првиот квартал јавниот долг изнесува 4,3 милијарди евра, односно 45 проценти од домашниот бруто-производ.