Свет Европа Ново прекршување на примирјето во Нагорно-Карабах

Ново прекршување на примирјето во Нагорно-Карабах

Двајца ерменски војници се убиени во судирите во Нагорно-Карабах.

И ерменската и азербејџанската страна меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето кое беше договорено на 5 април.

Ерменското министерство за одбрана соопшти дека Азербејџан гранатира воени и цивилни цели на територија на Ерменија.

Азербејџан, пак, тврди дека само возвратиле откако ерменските сили ги гранатирале нивните позиции во Нагорно-Карабах.

Баку и Ереван веќе со години спорат околу Нагорно-Карабах. Сепаратистите, поддржани од Ерменија, на почетокот од 90-тите години на минатиот век го зазедоа регионот во кој живее мнозинско азербејџанско население.

Во последните судири, кои избија на 2 април, загинаа 30 лица.