Галерија Новинарите премиерно влегоа во новото барокно седиште на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарите премиерно влегоа во новото барокно седиште на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарите кои известуваат за предвремените парламентарни избори, вечерва имаа можност првпат да влезат во новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа и јавноста имаше можност официјално да ја види внатрешноста на штабот на партијата која беше на власт во последниве 10 години.

Според истражувањето на „Скуп“, ВМРО- ДПМНЕ со имот од околу 60 милиони евра и 93 имотни листови е најбогата политичка партија во Европа. Истражувањето покажува дека седиштето на партијата чини 40 милиони евра. Пред неколку дека во јавноста излегоа фотографии од луксузно опремениот простор.