Свет Европа Нови правила – во кокпитот постојано ќе има два пилота

Нови правила – во кокпитот постојано ќе има два пилота

Уривањето на авионот на „Џерманвингс“ ги натера менаџментите на европските авиокомпании да воведат нови безбедносни правила за да се зголеми заштитата на патниците и на екипажот.

Први авиокомпании кои утринава почна да ги применуваат новите кабински правила се норвешката нискобуџетна „Норвежиан ер шатл“, „Ер Канада“, „Еизиџет“ и „Ер Берлин“, во согласност со кои во кабината мора постојано да има два пилота.

Новите правила засега не се одобрени од воздухопловните власти, но компаниите почнуваат со примена на овие дополнителни мерки за да не ги изгубат патниците, како и за да ја зголемат нивната безбедност.

Европските медиуми јавуваат дека ниските трошоци за персонал, а не штедење за одржување, се една од главните стратегии на нискобуџетните компании и оти авиокомпаниите сега во втор план ги ставаат мерките за штедење.