Свет Европа Нови апсења во Франција поради нападот во Ница

Нови апсења во Франција поради нападот во Ница

Француската полиција вчера уапсила 11 лица кои се осомничени дека се вмешани во јулскиот напад во Ница, во кој загинаа 86 лица.

Се верува дека тие му доставувале оружје на Мухамед Булел, кој на 14 јули со камион влета на шеталиштето полно со луѓе.

Антитероритичките единици уапсиле 10 осомничени во Ница и еден во Нант.
Истражувачите сметаат дека тие го снабдувале со оружје и му давале логистичка помош на Булел.

Француските медиуми јавуваат дека најмалку еден од осомничените е со албанско потекло. Сите уапсени се осомничени дека се поврзани со албанска двојка која уште во јули беше уапсена поради тоа што му доставувала оружје на напаѓачот.