Здравје Нови 72 ковид-позитивни, 70 отсто од активните случаи се во Скопје

Нови 72 ковид-позитивни, 70 отсто од активните случаи се во Скопје

Фото: Annie Spratt on Unsplash

Податоците од Институтот за јавно здравје покажуваат дека изминатиов викенд, од направени 871 тест се регистрирани 72 нови случаи на ковид-19. Најголем дел од новозаразените се од Скопје, каде изминативе три дена биле регистрирани 60 нови ковид случаи.

Како што информира Министерството за здравство, од вкупниот број на позитивни биле регистрирани 18 реинфекции.

Во текот на викендот, пак, биле регистрирани 161 оздравен пациент, а починале четири лица – три од Скопје на возраст од 73, 80 и 96 години и едно од Кавадарци на возраст од 58 години.

Во моментов бројот на активни ковид случаи во земјава изнесува 339, а од нив 238, односно 70 отсто, се во Скопје. По главниот град, следни со најмногу активни случаи на ковид-19 се Битола, каде се регистрирани 18 активно заразени лица и Куманово со 15 активни ковид случаи.