Македонија Нови 64 случаи на ковид-19, пријавени се 4 починати лица

Нови 64 случаи на ковид-19, пријавени се 4 починати лица

Фото: Annie Spratt on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 965 тестови, а регистрирани се 64 нови случаи на ковид-19, од кои 50 се во Скопје, Прилеп и Кавадарци по 5, Битола, Тетово, Крива Паланка и Виница по 1.

Од вкупниот број на позитивни (64), регистрирани се 12 реинфекциии.

Регистрирани сe 296 оздравени пациенти од: Скопје – 173, Прилеп – 17, Кавадарци – 14,  Куманово – 13, Струмица – 11, Битола – 10, Велес, Гостивар и Охрид – по 8, Кочани и Дебар – по 4, Кичево, Ресен и Кратово – по 3, Крива Паланка, Штип, Струга, Гевгелија, Берово и Валандово – по 2, Тетово, Радовиш, Богданци, Демир Капија и Пехчево по – 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица: по едно починато лице од Скопје (63г) и Струмица (77г), починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица, од Скопје (73г) и Гевгелија (63г). Пријавените лица се починати во период од 05.03. до 12.03.2022 година. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (4), кај 3 се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.938.935 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.418, бројот на оздравени пациенти е 292.344, на починати е 9.184, а бројот на активни случаи изнесува 1.890.