Македонија Нови 410 случаи на ковид-19 и 10 починати пациенти во изминативе 24...

Нови 410 случаи на ковид-19 и 10 починати пациенти во изминативе 24 часа

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 2.674 тестирања, а регистрирани се 410 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 185, Битола – 31, Прилеп – 22, Охрид и Струмица – по 15, Велес, Кавадарци и Штип – по 14, Куманово – 13, Тетово и Кочани – по 10, Делчево – 8, Крива Паланка и Пробиштип – по 6, Радовиш, Валандово и Демир Хисар – по 5, Берово, Кратово и Крушево – по 4, Неготино – 3, Гевгелија, Свети Николе, Ресен, Виница, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Струга, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 6 починати лица од Скопје (62г, 69г, 70г, 75г, 80г и 94г), и по едно починато лице од Прилеп (88), Охрид (58г), Велес (57г), и Тетово (50г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 27.11.2021. Починатото лице е од Гостивар, на возраст од 68г, невакцинирано и починато во болнички услови.

Регистрирани сe 290 оздравени пациенти од ковид-19.

Заклучно со денешниот ден, вкупната бројка на случаи на ковид-19 од почетокот на епидемијата изнесува 215.995, бројот на оздравени пациенти е 200.293, на починати е 7.592, а бројот на активни случаи изнесува 8.110.