Македонија Нови 408 случаи на ковид-19, оздравени 280, а починати четворица пациенти

Нови 408 случаи на ковид-19, оздравени 280, а починати четворица пациенти

Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-227, Куманово-12, Штип-15, Прилеп-4, Тетово-34, Струга-5, Велес-15, Битола-10, Охрид-23, Кавадарци-4, Гостивар-2, Струмица-18, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-4, Демир Хисар-4, Пехчево-2, Берово-2, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-1, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 280 оздравени пациенти од: Скопје-148, Куманово-3, Штип-17, Прилеп-16, Тетово-18, Струга-4, Велес-4, Битола-8, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-3, Гевгелија-9, Струмица-12, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Кочани-3, Пробиштип-4, Берово-1, Валандово-2, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-4 и Неготино-1.

Починати се 4 лица, двајца пациенти од Скопје (64 и 77г), еден од Ресен (59г) и еден пациент од Битола (76г). Од нив еден пациент е починат вон болнички услови, останатите се починати во болница.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24.196, бројката на оздравени пациенти е 17.672, на починати е 850, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.674.

Најголем број на активни случаи по скопските општини има во Аеродром 552, Карпош 446, Центар 454, Гази Баба 307, Кисела Вода 310, Ѓорче Петров 220.