Македонија Нови 357 случаи со ковид-19, починаа 18 лица, а оздравени се 689...

Нови 357 случаи со ковид-19, починаа 18 лица, а оздравени се 689 пациенти

Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби | Фото: Арбнора Мемети

Во последните 24 часа се направени 1.387 тестирања, а регистрирани се 357 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-132, Куманово-15, Дебар-4, Штип-11, Прилеп-17, Тетово-14, Струга-9, Велес-4, Битола-18, Охрид-24, Кавадарци-18, Гостивар-8, Гевгелија-18, Струмица-18, Крива Паланка-5, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-5, Валандово-1, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-8, Ресен-8, Неготино-6, соопшти Министерството за здравство.

Оттаму информираат дека во болнички услови починати се 18 лица, седум пациенти од Скопје (72, 34, 73, 83, 51, 56, 58г), еден од Куманово (60г), двајца од Струга (70 и 82г), двајца од Битола (48 и 78г), четири пациенти од Охрид (84, 82, 70 и 78г), еден од Кочани (55г) и еден пациент од Ресен (72г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 689 оздравени пациенти од: Скопје-263, Куманово-36, Штип-40, Прилеп-43,  Тетово-27,  Струга-37, Велес-40, Битола-39, Охрид-34, Кавадарци-23, Гостивар-31, Гевгелија-8, Струмица-5, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Валандово-2, Виница-1, Кратово-2, Свети Николе-7, Кичево-3, Ресен-3 и Неготино-16.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78.305, а бројката на оздравени пациенти е 54.034. Починаа 2.292 лица, а бројот на активни случаи изнесува 21.979.