Македонија Нови 237 случаи со корона вирус, починаа 8 лица, а оздравени се...

Нови 237 случаи со корона вирус, починаа 8 лица, а оздравени се 460 пациенти

Фото: Арбнора Мемети

Во последните 24 часа се направени 1.525 тестирања, а регистрирани се 237 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-123, Куманово-15,  Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-7, Струга-11, Велес-5, Битола-5, Охрид-13, Кавадарци-11, Гевгелија-6, Струмица-5, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-2, Виница-1, Свети Николе-1,Кичево-2, Ресен-1, Неготино-6, соопшти Министерството за здравство.

Оттаму информираат дека починати се 8 лица, еден пациент од Скопје (75г), двајца од Куманово (61 и 65г), еден од Штип (71г), еден од Битола (66г), еден од Охрид (79г), еден од Радовиш (75г) и еден пациент од Кочани (67г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 460 оздравени пациенти од: Скопје-219, Куманово-28, Дебар-6  Штип-8, Прилеп-27,  Тетово-22,  Велес-14, Битола-21, Кавадарци-27, Гостивар-18, Гевгелија-12, Струмица-11, Крива Паланка-4, Радовиш-4, Кочани-9, Демир Хисар-1 Македонски Брод-1, Валандово-5, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-8, Ресен-2 и Неготино-9.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84.024, а бројката на оздравени пациенти е 62.929. Досега починаа 2.530 лица, а бројот на активни случаи изнесува 18.565.