Македонија Нови 182 позитивни на ковид-19 од 1.348 тестирања, починаа 6 пациенти

Нови 182 позитивни на ковид-19 од 1.348 тестирања, починаа 6 пациенти

Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - Скопје | Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи на ковид-19, од кои во: Скопје 107, Куманово 14, Штип 4, Тетово 23, Струга 5, Битола 2, Охрид 6, Гостивар 4, во Струмица, Кочани, Берово и Кочани по еден и во Ресен 13.

Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти, од кои во Скопје се 22 и по еден во Дебар, Штип, Прилеп, Тетово, Битола, Свети Николе и Кичево, а во Велес и Кочани по двајца.

Во изминатото деноноќие починаа 6 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово. Во ГОБ „8 септември“ починаа пет лица, двајца од Тетово, еден на возраст од 81 година, хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден, постмортем, пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје, од 68 и од 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 4.664, бројката на оздравени пациенти е 1.836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.612. Досега се направени вкупно 47.793 тестирања на ковид-19, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти, вкупно се хоспитализирани 95, на кислородна поддршка се 47 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација. До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно хоспитализирани има 121 пациент. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 35 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во Штип 22 пациента. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се примени на болничко лекување 72 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи во Скопје, заклучно со вчера, по општини, најмногу има во Чаир 336, во Аеродром 125 и во Гази Баба 128.