Македонија Нови 123 заболени од ковид-19, оздравени 3.803, починати 17 лица

Нови 123 заболени од ковид-19, оздравени 3.803, починати 17 лица

Фото: Polina Tankilevitch from Pexels

Министерство за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.598 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 64, Битола – 9, Куманово – 7, Охрид – 5, Прилеп, Велес, Гостивар и Струмица – по 4, Тетово – 3, Штип, Струга, Кочани, Демир Хисар и Кратово – по 2, Кичево, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш, Делчево, Виница и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани се 3.803 оздравени пациенти од:Скопје – 2109, Куманово – 252, Битола – 180,Тетово – 178, Велес – 165, Гостивар – 126, Гевгелија – 88, Кавадраци – 82, Ресен – 80, Неготино – 73,Штип – 67, Охрид – 59, Кичево – 52, Прилеп – 46, Крушево – 35, Кочани – 30, Свети Николе – 24, Радовиш и Делчево – по 22, Струмица – 18, Демир Хисар – 17, Виница – 16, Струга – 14, Богданци – 13, Демир Капија – 9, Крива Паланка – 8, Дебар – 6, Берово и Пехчево – по 3, Пробиштип, Валандово и Македонска – по 2.

„Од вкупниот број на оздравени, 3.564 се пријавени како позитивни во периодот 01.01-31.03.2021. Се работи за лица кои не се пријавени досега како оздравени до ИЈЗ, а кај кои се поминати 20 дена од позитивен резултат. Овие лица за време на болеста биле хоспитализирани или немале матичен лекар или се странски државјани па затоа не излегол предлог за оздравување во епидемиолошките служби на ЦЈЗ/ПЕ,“ велат од Министерство за здравство.

Пријавени се вкупно 17 починати лица: 3 од Куманово (53г, 61г и 82г), по 2 починати лица од Скопје (75г и 78г), Тетово (68г и 85г), Битола (62г и 94г) и Кочани (54г и 71г) и по едно починато лице од Прилеп (68г), Гостивар (72г), Охрид (78г), Струмица (77г), Радовиш (73г) и Виница (61г). Од пријавените 14 се починати во болнички, а 3 во домашни услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.494, бројката на оздравени пациенти е 143.069, на починати е 5.168, а бројот на активни случаи изнесува 6.257.