Македонија Нови 105 случаи и 45 починати пациенти пријавени во изминатово деноноќие

Нови 105 случаи и 45 починати пациенти пријавени во изминатово деноноќие

Извор на фотографија: Влада на РСМ

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 946 тестирања, а регистрирани се 105 нови случаи на ковид 19.

Во истиот период 403 пациенти оздравеле, а пријавени се вкупно 45 починати лица: 14 од Скопје ( 51г, 58г, 65г, 68г, 69г, 70г, 70г, 70г, 73г, 76г, 81г, 81г, 81г и 83г), 5 лица од Прилеп (42г, 61г, 63г, 64г и 76г ), 4 лица од Куманово (71г, 77г,78г и 88г) по 3 лица од Битола (44г, 68г и 70г), Гостивар (51г, 60г и 75г) и Охрид (62г, 74г и 77г), по 2 лица од Тетово (63г и 71г), Свети Николе (57г и 71г) и Струга (69г и79г) и по едно починато лице од Кочани (82г), Велес (34г), Струмица (80г), Радовиш (93г), Берово (70г), Богданци (72г) и Неготино (83г). Три пациенти се починати во домашни услови, а останатите 42 се починати во болнички услови.

Министерството за здравство соопшти дека од пријавените смртни случаи во изминатото деноноќие, 20 пациенти всушност починале меѓу 29 март и 10 април годинава, но без објаснување зошто дури сега се пријавени.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.685, бројката на оздравени пациенти е 133.473, на починати е 4.936, а бројот на активни случаи изнесува 14.276.