Македонија Нови 1.422 случаи на ковид-19, уште 33 лица починаа изминатово деноноќие

Нови 1.422 случаи на ковид-19, уште 33 лица починаа изминатово деноноќие

Фото: Мета.мк

Според најновото известување од Министерството за здравство, во изминативе 24 часа во земјава се направени 4.277 тестирања, а регистрирани се 1.422 нови случаи на ковид-19. Од нив, најголемиот дел се од Скопје, – 618, Куманово – 94, Прилеп – 89, Велес – 76, Тетово – 63, Гостивар – 54, Кавадарци – 53, Битола – 50, Штип – 39, Гевгелија – 38, Охрид – 33, Струмица – 27, Неготино – 26, Кочани – 22, Кичево – 17, Струга 13, Ресен – 12, Пробиштип – 10, Дебар, Берово и Свети Николе – по 9, Крива Паланка и Радовиш – по 8, Валандово – 7, Богданци и Демир Капија – по 6, Македонски Брод и Пехчево – по 5, Виница и Делчево – по 4, Крушево – 3, Демир Хисар и Кратово – по 2, Дојран – 1.

Во истиот период, регистрирани се 457 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 33 починати лица: 12 пациенти од Скопје (83г, 82г, 81г, 75г, 74г, 72г, 70г, 70г, 69г, 62г, 43г, 38г), по 3 пациенти од Тетово (69г, 60г, 41г) и Кавадарци (78г, 77г, 71г), по 2 пациенти од Битола (83г, 65г), Прилеп (73г, 68г) и Ресен (75г, 66г) и по едно починато лице е пријавено од Куманово (62г), Гостивар (57г), Охрид (64г), Струмица (72г), Струга (76г), Крива Паланка (85г), Валандово (79г), Крушево (53г) и Кратово (76г). Од пријавените 33 лица, сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 607.956 тестирања на Ковид-19, а вкупната бројка ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 124.910, бројката на оздравени пациенти е 103.831, на починати е 3.607.

Бројката на активни случаи на ковид-19 во земјава во моментов изнесува 17.472.