Дописници Новата модуларна болница во Прилеп е во функција

Новата модуларна болница во Прилеп е во функција

Фото: prilep.gov.mk

Новата модуларна болница во Прилеп, со централен довод на кислород и капацитет од 35 легла за болни со ковид-19, денеска официјално е ставена во употреба. Објектот се наоѓа веднаш до инфективното одделение.

„Модуларната болница со 35 нови легла, како и 130 други во петте оддели во болницата, покрај инфективно, интерно, одделот за уво, нос и грло, очниот и одделот за гинекологија се ставени на располагање на граѓаните заболени од ковид-19. Болничките капацитети и целиот медицински и помошно-технички персонал, сите ресури на болницата се ставени во функција со цел што поефикасно справување со пандемијата“, рече директорката на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“, Кети Смилеска.

Инфраструктурата за објектот е изградена со донации на бизнис секторот од градот, којшто во чекор веќе една година ги следи и поддржува потребите на болницата и другите здравствени установи од почеток на пандемијата.