Македонија Новата Градска куќа продадена на ЕВН-Македонија за 12,7 милиони евра

Новата Градска куќа продадена на ЕВН-Македонија за 12,7 милиони евра

Град Скопје соопшти дека на вчера одржаната електронска аукција за продажба на зградата под Кале, која беше планирана за нова Градска куќа, нов сопственик на објектот што почна да се гради во времето на Коце Трајановски и уште не е завршен, станала компанијата ЕВН Македонија. Таа била единствениот заинтересиран купувач, а била постигната цена од 785.031.818 денари (12.764.745 евра)

„Вчера успешно заврши електронската аукција, која е првата постапка за продажба на објектот на Град Скопје, кој е лоциран под скопското Кале.
На јавниот повик објавен на ден 17.10.2019, со број 01/2019 за продажба на недвижна ствар по прв пат по пат на електронско јавно наддавање, до предвидениот рок единствено се пријави компанијата ЕВН – Македонија.
Согласно со предвидените процедури од јавниот повик, купецот треба во рок од 15 дена да ја уплати сумата, по што ќе следува потпишување на договор со кој ќе се заврши целата постапка“, се вели во соопштението од Град Скопје.