Свет Нова рунда преговори за Сирија во Астана

Нова рунда преговори за Сирија во Астана

Во Астана денеска почнува нова рунда преговори за Сирија, а на дневен ред ќе биде загрижувачката хуманитарна состојба во завојуваната земја, соопштија денеска казахстанските власти.

Преговорите во Казахстан, прес сè, се однесуваат на војната и на техничките прашања и паралелно се одвиваат со преговорите во европското седиште на ОН во Женева.

Станува збор за седма рунда преговори под закрила на Русија, Иран и на Турција.

За денеска се планирани разговори зад затворени врати, а соопштението од дводневниот состанок ќе биде објавено утре.

Портпаролот на казахстанското министерство за надворешни работи, Анвар Јаинаков, потврди дека во Астана допатувала делегација на сирискиот режим, на опозицијата и претставници на земјите што посредуваат во преговорите.

Последната рунда преговори во ОН заврши на средината на јули, без значаен напредок, откако делегацијата на сириската влада и и претставниците на опозицијата не успеаја да ги усогласат ставовите за борбата против тероризмот и за политичката транзиција.
Од почетокот на војната во Сирија во 2011 година загинаа повеќе од 330.000 лица, додека милиони се раселени.