Свет Европа Нова рунда на преговори за формирање на владејачка коалиција во Германија

Нова рунда на преговори за формирање на владејачка коалиција во Германија

Германската канцеларка Ангела Меркел, почна нова рунда на преговори за формирање на коалиција, за да се стави крај на политичката криза во таа држава, објавија светските медиуми.

Во преговорите учествуваат Христијанско-демократската унија, Христијанско-социјалната унија и Социјалдемократската партија на Германија.

„Мислам дека може да успееме. Имаме цел да работиме посветено и интензивно, имајќи предвид што граѓаните на Германија очекуваат од политичарите кои ги претставуваат. Во преговорите влегувам оптимистички, иако знам дека наредните денови не очекува многу работа, но решени сме да оствариме резултат“, изјави Меркел.

Во Германија, нова влада не е избрана повеќе од три месеци по одржувањето на изборите на 24 септември.