Дописници Нова книга есеи: „Кога уметноста е живот, животот е уметност“ од Петко...

Нова книга есеи: „Кога уметноста е живот, животот е уметност“ од Петко Шипинкаровски

Утре напладне, во Културно-информативниот центар „365“ во Охрид, ќе биде промовирана новата книга есеи „Кога уметноста е живот, животот е уметност“ од Петко Шипинкаровски. Книгата ќе ја претстават Лидија Размоска и Тоде Илиески.

Петко Шипинкаровски досега има објавено десетина романи, две романизирани монографии, книгата раскази „Залезнина“ и монодрамата за Толе Паша. „Бели утра“ е негова четврта поетска збирка, а 16. дело во опусот на овој автор.

Петко Шипинкароски е годинешен добитник на наградата „Повелба за животно дело“, на 14. Културно-научна манифестација „Пелагонски средби“ и е главен и одговорен уредник на списанието за книжевност „Бранувања“ што се објавува во Струга.