Свет Европа Нова анкета покажува дека мнозинството Британци се за напуштање на ЕУ

Нова анкета покажува дека мнозинството Британци се за напуштање на ЕУ

Седум дена пред референдумот за излез на Велика Британија од Европската Унија, поголемиот дел од Британците, односно 53 отсто, се за излез од ЕУ, додека 47 отсто се за останување во Унијата.

Тоа го покажува најновата телефонска анкета на „Ипсос“.

Ова е првпат анкетите да бележат предност на гласачите што сакаат нивната држава да ја напушти Унијата.

Анкета за расположението на граѓаните за излегување или останување во Европска Унија се спроведува секој месец откако премиерот Дејвид Камерон во 2013 година го најави одржувањето на референдумот.

Најновите резултати покажуваат голем пресврт во однос на анкетата спроведена во мај, кога 37 отсто од испитаниците најавија дека би гласале за излез, додека 55 отсто се изјасниле за останување на Велик Британија во Европска Унија.